• Facebook
tel/fax: +389 2 321 1180 / mob: +389 70 260 821/ - Orce Nikolov 89/1-1 1000 Skopje - Macedonia
Seme Prima
  • Дома
  • Семиња
    • Домати
    • Индустриски домати
    • Цвекло
    • Морков
    • Кромид
      • Млад кромид
    • Краставица
    • Зелка
    • Боранија
    • Спанаќ
    • Грашок
    • Лубеница
  • Новости
  • Контакт
  • македонски јазик
  • English
  • Search

ЗЕЛКА

Green Presto F1

Опис

Естра ран хибрид на зелка  со вегетација 50 – 55 дена  после пресадување. Главите имаат тежина од 1- 1,5 кг. Главите имаат убав облик на топка со зелени листови и брзо стануваат збиени.Создава исклучително компактни глави . Се препорачува за свежа потрошувачка. Добро поднесува студено време и нема наклонетост кон процветување. Се препорачува за рано пролетно производство во пластеници или на отворено поле со покривање или без покривање со агрил.

Произведувач

Bavero F1- црвена зелка

Опис

Средно рана зелка, стасува за берба за 70 – 75 дена од пресадување . Расте средно до висока. Главите се округли, имаат тежина од 1,2-1,5 kg , многу се цврсти со виолетово црвена боја. Со добар квалитет за свежа на пазар и индустриска употреба.

Произведувач

Baracus F1-Бела Зелка

Опис

Многу рана и униформна, златен Acre тип на хибрид. Стасува за берба 50-55 дена од  пресадување. Растенијата се мали и компактни. Главите се густо набиени и  имаат округла форма со просечна тежина од 0,8 -1,0 kg. Истите не пукаат и се вкусни за свежа консумација и затоа има голема побарувачка на пазар. Во пластеници стасува за 5-7 дена порано.

Произведувач

Barabas F1-Бела зелка

Опис

Ран хибрид со униформни глави во форма на топка, со средна големина и со просечна тежина од 1.0-1.5 kg. Листовите се мазни и со плаво-зелена боја. Бавно пука и тоа овозможува долг период на берба. Оваа зелка е отпорна на суви, влажни и топли услови.
Одлична внатрешната структура со кратко јадро. За берба е подготвена за 60-65 дена.

Произведувач

Nolan F1

Опис

Бела зелка, средно рана која поднесува високи температури.
За берба стасува 50-55 дена од пресадување.
Период на пресадување: во текот на целата година
Период на берба: во текот на целата година. Карактеристики нa растението: здраво и цврсто со одлична издржливост кон високи температури. Главите се тркалезни , многу цврсти, компактни и отпорни на пукање со тежина од 1-1,5 kg.

Бојата е светло зелена. Се употребува и свежа. Совет за земјоделците е да се засадат 55.000-65.000 растенија на хектар

Произведувач

Velvet f1-бела зелка

Опис

Стасува за берба 80 дена од пресадување. Период на пресадување: пролет-лето.
Берба: лето-есен.
Карактеристики на растението: отпорно на високи температури и еластично за пресадување. Боја на листовите е јако зелена. Главите се компактни, отпорни на пукање и со тежина од 1,5-2kg. Се употребува и свежа, има многу сладок вкус. Совет за земјоделците е да засадат 45.000-55.000 растенија на хектар.

Произведувач

SCARLET O`HARA F1-Црвена зелка

Опис

Формира глави за околу 75 дена од пресадувањето. Главите имаат тежина од 1,5- 2 kg со светло црвена боја и висок сјај на листовите.

Произведувач

© Copyright 2017 - Seme Prima - Prodazba na seminja i saden materijal
  • Facebook
Боранија Краставица
Scroll to top