Индустриски ДОМАТИ
Crosby F1 – Новитет
Опис
Средно ран детерминантен домат со долгнавеста форма и тежина на плод 75 гр. Растенијата се компактни и јаки.
Хибрид со многу висок принос кој е одличен за механичка берба. Плодовите се со одлична црвена боја и одлична униформираност.
Има висока содржина на суви материи .Високо резистентен на Verticillium , Fusarium и Pseudomonas. Многу дебелото ткиво на плодот е извонредно јако и дава голема издржливост.
Посебно добар за производство на лупен домат-пелат.
Carioca
Опис
Carioca-средно рана сорта на домат за индустриска преработка.Растенијата се бујни со среден раст и добро покриени со плодови.Плодот има овален облик со тежина од 95 gr.Поради цврстите плодови и воедначено зреење многу е добар и за машинска берба.Содржи сува материја (brix) од 5,3 до 6 %. Затоа се препорачува за преработка во доматно пире. Резистентен на Verticilium, Fuzarium 0 и Nematodi.