БОРАНИЈА
Berggold -жолта боранија
Опис

Се користи за свеж пазар, смрзната и во конзервна инустрија.Може да се користи плодот како целосен или на парчиња. Многуродна сорта приспособена за индустриска преработка и механизирана берба. Мешунките се жолти и округли без конци со должина од 12-13 cm и дебелина 9 mm. За берба стасува за околу 55 дена од сетва.Растението има вертикален, компактен и грмушест хабитус (градба). Фабриките ја прифаќаат и имаат интерес бидејќи е лесна за преработка.Отпорна е на бактериоза, мозаичен вирус типичен за грав и Антракноза(Anthracnose).
Ferrari
Опис
Ferrari- водечка сорта од типот на зелена боранија. Се користи за индустриска преработка и продажба во свежа состојба во маркетите во цел свет. Многу прифатена за производство на мали површини за домашни потреби. Мешунката е многу привлечна, округла со темно зелена боја со должина од 12-13 cm и дебелина 6-8 mm. Погодна за механичка берба. Отпорна на бактериоза (Anthracnose), Halo Blight и мозаичен вирус типичен за грав
Baritone (боранија за индустрија и свеж пазар)
Опис
Одлична нова сорта раширена за индустриска преработка и за свеж пазар, со најверојатно најтемните мешунки. Многу темно зелените мешунки без сјај се долги 14 cm и широки 9-10 mm. Отпорни на мозаичен вирус типичен за грав,Halo Blight и Anthracnose( бактериоза).