НОВО! Green Presto F1 ран хибрид на пролетна зелка!

green-presto

Екстра ран хибрид на зелка  со вегетација 50 – 55 дена  после пресадување. Главите имаат тежина од 1- 1,5 кг. Главите имаат убав облик на топка со зелени листови и брзо стануваат збиени.Создава исклучително компактни глави . Се препорачува за свежа потрошувачка. Добро поднесува студено време и нема наклонетост кон процветување. Се препорачува за рано пролетно производство во пластеници или на отворено поле со покривање или без покривање со агрил.

 

 

 

 

 

НОВА сорта црвен домат Prios F1!

Последните неколку години сортата Prios F1 на холандската куќа Ergon е се подобро препознатлива како пролетна култура на црвени домати под пластични тунели во Источна Европа.

Комбинацијата на тешки, униформни, јако црвени и високо квалитени плодови заедно со зачудувачката раностасност која е многу битен фактор во деловите од Источна Европа -дава сигурност дека оваа сорта е многу добра опција за земјоделците. Плодовите од Prios F1 имаат тежина од 200 – 250 гр.

Опитите се покажаа максимално успешни во оранжерии како и во пластеници и сортата ветува задоволување на сите земјоделски очекувања.Екипата на Ergon  ја посети Македонија и го потврди истото со големо вoодушевување и ентузијазам за сортата Prios F1.

ФЛАЕР ЗА PRIOS F1 – ВИДЕТЕ ОВДЕ!

Prios F1 – одгледуван низ цел свет и светски познат!